in

Челси му се одмазди на Лестер!

Во претпоследното коло во англиската Премиер Лига, Челси стигна до битни три бода и се искачи на третата позиција.

Во дербито кое се одигра пред публика на Стемфорд Бриџ, Челси го дочека Лестер и успеа да им се одмазди за поразот кој го доживеаја во финалето на ФА купот. Со оваа победа од 2:1, Челси направи голем исчекор за пласман во ЛШ следната сезона, додека Лестер ќе мора да ги чека резултатите на Ливерпул.

Антонио Рудигер успеа да го постигне првиот гол на натпреварот, кога преку центаршут од корнер успеа да ја успери топката во мрежата на Шмајхел. Тимо Вернер изнуди пенал, а Жоржино беше прецизен од белата точка. Ихеначо го постигна единствениот погодок на натпреварот за Лестер и го постави конечниот резултат.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote