in

ЧЕЛЗИ Е ВО КРИЗА: Повторно испушти бодови против Вила

Лондонските „сини“ во последните пет натпревари во Премиер лигата имаат само една победа, три порази и реми.

Челси вечерва на својот „Стемфод бриџ“ одигра нерешено против Астон Вила (1:1), резултат кој уште повеќе ќе ги зголеми гласините за можно заминување на менаџерот Френк Лампард од клупата на лондонскиот клуб.

Во текот на денешниот ден британските медиуми шпекулираат дека Томас Тухел (кој во изминатиот период го напушти ПСЖ) да биде наследникот на Лампард.

Во 34 минута од средбата Жиру донесе водство за домаќините, а гостите дојдоа до бод благодарение на погодокот на Ел-Гази (50`).

На табелата Челси е на шестата позиција со 26 бодови, колку што има и Астон Вила на петтото место.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote