Екипата на Челси се пласираше во четврт-финалето од Лигата на Шампиони за прв пат во последните седум години откако беше подобра со вкупно 3-0 против екипата на Атлетико Мадрид.
Откако си ја олесни работата во првиот натпревар постигнувајќи гол во гости, Челси рутински го одигра вториот дуел и постигна два погодоци. Едниот беше во првото полувреме преку Хаким Зијех по одличната асистенција на Вернер.
Точка на натпреварот стави Емерсон, откако ја затресе мрежата со првиот контакт со топката по влегувањето во игра. Ждребот е закажан за 19 март.
Коментари
Loading…