in

Челзи на врвот на Европа!

Фудбалерите на Челси станаа европски шампиони по втор пат во историјата, бидејќи во финалето на Лигата на шампионите го совладаа Манчестер Сити со 1:0! Голот достоен за титулата го постигна Каи Хаверц во 42. минута од натпреварот на стадионот Драгао во Порто.

Младиот напаѓач ја круниса поконкретната игра на лондонскиот тим, и покрај значително помалку посед на топка. Тимот од Лондон ги демнеше своите шанси од контранапад, свесно му го препушти поседот на ривалот и тоа на крајот се исплатеше.

Челси во два наврати можеше да постигне гол преку Тим Вернер, но на крајот, вториот Германец го реши големото финале и потенцијално катастрофалната сезона ја претвори во бајка.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote