in

Челси се приклучува во трката за потписот на Џек Грилиш

Челси е спремен да се натпреварува со Манчестер Сити во трката за потписот на ѕвездата на Астон Вила, Џек Грилиш.

Сините од Лондон се спремни да потрошат голема сума на пари во летниот трансфер период и ќе се обидат да го ангажираат крилото на англиската репрезентација. Неодамна медиумите соопштија дека Граѓаните се заинтересирани за Џек Грилиш.

Шампионот на Европа, Челси се поврзува со многу имиња од светски калибар и јавна тајна е дека сопственикот Роман Абрамович е спремен повторно да го одврзе ќесето. Освен за Грилиш, Челси е заинтересиран и за Халанд и Хакими.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote