Саутемптон успеа да излече бод во судиското надополнување од натпреварот против Челзи откако губеше со скоро цел натпревар. Екипата на Челзи го отвори натпреварот феноменално преку Тимо Вернер кој стрелаше во раната фаза од мечот. Вернер се запиша и втор пат во стрелците и по веќе пола час игра изгледаше дека натпреварот е завршен.
Дени Ингс ја искористи шансата пред паузата по грешката на Хаверц и го намали резултатот на 2-1. Во второто полувреме Светците успеаа да израмнат преку Адамс, но Челзи брзо одговори со голот на Хаверц при асистенција на Вернер. Саутемптон не се предаде до самиот крај на натпреварот и успеа да постигне уште еден погодок и да го постави конечниот резултат 3:3.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…