По двата врзани порази (Волверхемптон и Евертон), фудбалерите на Челси им се вратија на победите во Премиер лигата, откако во вечерашниот последен меч од 14. коло, без поголеми проблеми, на домашен терен, го совладаа Вест Хем со 3-0.

Тијаго Силва го отвори резултатот уште по десет минути игра, со погодок по одличен скок и удар со глава по изведен корнер. Следуваше доминација на сините, но без конкретна реализација се до финишот од средбата. Тогаш на сцена стапи Таму Абрахам и со два гола во две минути (78. и 80.) го постигна конечниот резултат за сигурни три бода за составот од Лондон.
Коментари
Loading…