in

Челси со реми стигна до четвртата позиција

Во заостанатиот натпревар кој требаше да се одигра овој викенд, но поради натпреварите во ФА купот се одложи за во вторник, се сретнаа екипите на Челси и Брајтон на Стемфорд Бриџ. 

Натпреварот најпрвин беше одложен 15тина минути, поради протестирањето на навивачите на Челси против влегувањето на нивниот клуб во Супер Лигата. Желбата на навивачите се оствари, бидејќи Сините се повлекуваат од ова натпреварување, пренесуваат фудбалските медиуми.

Што се однесува на натпреварот не видовме скоро ништо во 90те минути. Единствена поконкретна шанса имаа гостите, кога Дени Велбек ја погоди стативата во второто полувреме. Со ова реми Челси се наоѓа на четвртата позиција, последна која носи во Лигата на Шампиони следната сезона.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote