Во драматичниот натпревар кој се одигра на неутрален терен на стадионот Рамоз Санчез Пизхуан екипата на Челси му гостуваше на Порто. Португалците имаа поопасни напади но не успеаја да ја затресат мрежата на Медни. Од друга страна пак, Челси успеа да стрела два пати.
Првиот погодок на натпреваро беше дело на Мејсон Маунт, откако со „хируршки“ прецизен шут ја затресе мрежата на Порто. При крајот на второто полувреме, Корона направи грешка која Бен Чилвел ја претвори во гол. Реваншот се игра следната недела, а Челси овој пат е домаќин, но на истиот стадион.
Коментари
Loading…