in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Четири здравствени придобивки од јагодите

Јагодите се едни од најчесто консумираните бобинки и исто така еден од најдобрите извори на витамин Ц.

Сезоната на јагоди започна. Дали знаевте дека ова овошје има многу придобивки за вашето здравје?

Јагодите главно се состојат од вода и малку јаглехидрати, а имаат и многу малку калории, па затоа се одличен избор за оние кои се борат со вишокот килограми.

Јагодите се богати со витамин Ц, добри се за зајакнување на имунолошкиот систем, а содржат и многу антиоксиданси кои го неутрализираат штетното дејство на слободните радикали.

Освен што се одличен десерт, јагодите се богати со многу хранливи материи и го штитат здравјето, а има многу причини зошто треба да ги јадете, а ние ви ги издвоивме најважните.

1. Детоксикација

Јагодите се овошје кое е исклучително богато со витамин Ц, што помага не само за детоксикација, туку и за надминување на пролетниот замор.

Една шолја од оваа бобинка содржи само 45 калории, па можете слободно да уживате во омилената храна без страв од дебелеење. Истото количество јагоди содржи 210 милиграми калиум, кој меѓу другото го подобрува нормалното функционирање на нервниот систем.

2. Го подобруваат видот

Студијата во која учествуваа повеќе од 110.000 мажи и жени покажа дека витамините А, Ц, Е, Б1, Б12, Б2, Б3, Б5 и Б6, кои ги има во изобилство во јагодите, играат клучна улога во одржувањето на здравјето на очите.

Кај испитаниците кои дневно консумирале најмалку 100 грама од ова овошје, забележан е најмал број на случаи на макуларна дегенерација. Покрај тоа, ова сочно овошје е богато со фитонутриенти кои го спречуваат оштетувањето на клетките поради дејството на слободните радикали.

3. Им помагаат на оние со дијабетес тип 2

Јагодите содржат заштитни растителни соединенија наречени полифеноли, од кои две – елагична киселина и елагитанини – се покажа дека помагаат во управувањето со некои од ефектите на дијабетес тип 2. Особено, тие имаат корисен ефект врз шеќерот во крвта и крвниот притисок. Потребни се повеќе истражувања за да се потврдат овие ефекти кај луѓето.

4. Добри се и за кожата

Витаминот Ц го стимулира производството на колаген, кој е многу важен за еластичноста на кожата. Како што старееме, нивото на колаген опаѓа, па конзумирањето на храна со витамин Ц станува уште поважно ако сакаме да ја одржуваме нашата кожа здрава и младолика.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote