in

ЦИА и НСА ЧЕКААТ НОВ ШЕФ: Кој ќе ги преземе американските разузнавачки служби?

Во игра се две познати имиња.

Двајца поранешни високи американски разузнавачки директори Мајк Морел и Аврил Хејнс се појавија како најсериозни кандидати за позициите директор на Националната агенција за безбедност (НСА) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА) под администрација на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

Морел беше заменик на ЦИА за време на администрацијата на Барак Обама од 2010 до 2013 година, кога во два наврати беше и вршител на должноста директор на таа разузнавачка служба.

Под администрација на Обама, Хејс беше и заменик директор на ЦИА, но и позиција заменик советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама.

Ројтерс не беше во можност да добие коментари за оваа информација ниту од Морел ниту од Хејнс, а претставник на преодниот тим на Бајден одби да разговара за ова прашање.

Сепак, изразена е претпазливост во влијателните демократски кругови затоа што и Хејс и Морел работеа за ЦИА во време кога агенцијата користеше недозволени техники за да ги испрашува осомничените исламистички екстремисти, кои Комитетот за разузнавање на Сенатот подоцна ги опиша како „тортура“.

Меѓу имињата на потенцијалните кандидати се и Мајкл Летер, поранешен службеник во службите за безбедност на американската влада и директор на Националниот центар за анти-теоризам и Мајк Роџерс, поранешен републикански конгресмен кој претседаваше со разузнавачкиот комитет на Претставничкиот дом на САД.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote