in ,

Што?Што?

Швеѓани измислија ковид-потврда со големина на зрно ориз (ВИДЕО)

Чиповите се многу приспособлива технологија што може да се користи за различни работи, а во моментов е многу погодно да се има сертификат за ковид кој е секогаш достапен, рече директорот на „Epicenter“.

 

Шведскиот стартап „Epicenter“ дизајнирал чип со кој може да се носи сертификатот за ковид под кожа.

Чипот може да се чита од кој било уред со помош на „NFC“-модулот (Near Field Communication), технологија што се користи за бесконтактни плаќања и, на пример, отклучување на вратите без клуч.

– Чиповите се многу приспособлива технологија што може да се користи за различни работи, а во моментов е многу погодно да се има сертификат за ковид кој е секогаш достапен – рече директорот на „Epicenter“, Ханес Сјоблад.

Сјоблад покажал дека микрочипот е со големина на зрно ориз и е вграден под кожата или во раката помеѓу палецот и показалецот.

Чиповите се користат од вработените во „Epicenter“ од 2015 година.

Тие го олеснуваат отворањето на вратите, купувањето итн. и повеќе не им требаат посебни лични карти на работното место.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote