in

Манчестер Сити е победник на Карабао купот по четврти пат во низа!

Манчестер Сити успеа да го освои Лига купот на Англија по четврти пат во низа откако заслужено ја победи екипата на Тотнем на Вембли.

Дефанзивецот на Сити, Емерик Лапорт, беше стрелецот на единствениот погодок на средбата, откако со центаршут од корнер, Кевин Де Брујн го пронајде во противничкиот шеснаесетник само осум минути пред крајот на средбата.

Сити доминираше целиот натпревар и заслужено стигна до првиот трофеј оваа сезона и сега тој ќе игра уште на два фронта, Премиер Лигата и Лигата на Шампиони. Во среда, Граѓаните ќе ги одмерат силите во полуфиналето во ЛШ против ПСЖ.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote