Во еден од најинтересните дуели во 25 коло од Премиер Лигата се сретнаа екипите на Манчестер Сити и Арсенал. Граѓаните успеаа да забележат минимална победа, но таа им помогна да се доближат до посакуваната цел – титулата.
Манчестер Сити, на стадионот Емирати, стигна до трите бода, а едниствениот стрелец на натпреварот беше англискиот репрезентативец, Рахим Стерлинг уште во втората минута. Со оваа победа Сити е на 10 бода пред своите главни ривали Манчестер Јунајтед и Лестер.
Коментари
Loading…