Рахим Стерлинг го постигна единствениот гол на натпреварот во кој Манчестер Сити се врати во победничките патеки против Арсенал по поразот од Лестер од 5-2 минатото коло. Стерлинг, кој ја носеше капитенската лента овој натпревар откако Фернандињо беше на клупата и Де Брујн беше повреден, ја зграпчи одбиената топка по шутот на Фоден во 23тата минута и успеа да постигне погодок.
Арсенал имаше неколку шанси за погодок, но Едерсон одигра одличен натпревар и забележа 4 одбрани. Овој резултат ја продолжи низата на Арсенал за лоши резултати со топ 6 тимовите во Премиер Лигата. Пеп Гвардиола има 5 од 5 победи против Топџиите во Премиер Лигата откако стана менаџер на Граѓаните.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…