in

Манчестер Сити ја победи Вила, откако прими гол во првата минута!

Манчестер Сити се доближи до освојувањето на Премиер Лигата откако ја победија Астон Вила на гостувањето во кое и двете екипи завршија со по 10 играчи.

Сити, кои го играа својот прв натпревар по целата драма со Супер Лигата, загуби во првата минута од натпреварот, откако МекГин стрелаше по одличната асистенција на Оле Воткинс.

Одговорот на Граѓаните пристигна само 20тина минути покасно, откако Фил Фоден го израмни резултатот во 22та минута. До целосен пресврт, Сити стигна уште во првото полувреме со голот на Родри. Силва асистираше и за двата погодоци.

Во второто полувреме немаше голови, но затоа беа исклучени Стоунс и Кеш со црвени картони. Натпреварот заврши со 1:2.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote