in

Сити подобар од Челзи, на Лампард му се заканува отказ?

Денеска во дербито на 17 коло во Премиер лигата одиграно на „Стемфорд Бриџ“ екипата на Манчестер сити славеше со резултат 1:3 против Челси. Лестер беше подобар од Њукасл (1:2), а одложен е мечот Барнли-Фулам поради коронавирусот.

Сè беше решено уште во првото полувреме кога „граѓаните“ ги постигнаа сите три погодоци во мрежата на Менди.

По еднаш во листата на стрелците за клубот „Етихад“ се запишаа Гундоган (18`), Фоден (21`) и Де Брујн (34`).

Лондонските „сини“ успеаја само да го ублажат својот петти пораз сезонава преку Хадсон-Одои после асистенцијата на Хаверц.

На табелата Сити е на петтата позиција со 29 бодови, пет помалку од водечкиот Ливерпул, а составот на Френк Лампард е осмопласиран (26).

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote