in

Манчестер Сити е вториот финалист во Лига Купот на Англија!

Фудбалерите на Манчестер сити кон крајот на април ќе играат против Тотенхем во финалето на Лига купот.

Во големото градско манчестерско дерби, „граѓаните“ славеа со 0:2 на „Олд трафорд“ против Јунајтед и по четврти пат по ред ќе играат на „Вембли“ во финалето на Лига купот.

Таму ги чека Тотенхем кој вчера со идентични 2:0 го совлада Брентфорд.
Фудбалерите на Манчестер сити беа подобар тим на теренот и сосема заслужено победија иако Јунајтед можеше прв да поведе и тоа уште во деветтата минута но шутот на Бруно Фернандеш го одбрани голманот Стефен.
Од тој момент „граѓаните“ ја презедоа контролата над играта и се редеа шансите пред голот на Хендерсон. Иницијативата и теренската надмоќ на Манчестер сити вродија со плод во 49. минута кога Стоунс донесе водство. Победата и пласманот во финалето ги завери Фернандињо со голот во 83. минута.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote