in

Чизкејк топчиња кои се топат во уста: Треба да ги пробате, потребни ви се само 3 состојки

Ако не сте смислиле со какво задоволство ќе го почастите вашето семејство за време на празниците, еве една одлична идеја – чизкејк топчињата се вкусни, а подготовката е многу лесна и едноставна.

Потребни состојки:

  • 200 грама чоколаден кекс
    100 грама крем сирење
  • 250 грама црно чоколадо

Начин на подготовка:


Исецкајте ги бисквитите во блендер, а потоа додадете крем сирење и измешајте сè добро.

Потоа со добиената смеса, со раце формирајте топчиња и наредете ги на хартија за печење.

Готовите топчиња ставете ги во замрзнувач половина час, а во меѓувреме растопете го чоколадото.

Секое топче потопете го во растопено чоколадо, па ставете ги во фрижидер да се зацврсти глазурата и сервирајте.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote