in

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Чоколадна фантазија без брашно: брз, лесен и евтин рецепт за колачи

Чоколадните колачи се речиси на сите омилено задоволство, а рецептот не може да биде поедноставен од ова.

При самата помисла да испечеме колач, веднаш помислуваме на комплицирани рецепти со стотина состојки кои ги немаме дома, токму кога најмногу копнееме за слатки.

Овој рецепт сигурно ќе ви успее, а на сите ќе им се допадне.

 

Состојки:
150 гр путер
150 гр темно чоколадо
5 јајца
100 гр шеќер

Подготовка:

Одделете ги жолчките во еден сад, а белките во друг сад. Додадете шеќер во садот со жолчките и матете со миксер додека не се соедини. На пареа растопете ги путерот и чоколадото и додадете ги во смесата со жолчките и шеќерот и сè измешајте.

Во друг сад изматете ги белките до пенеста, па соединете ги со остатокот од смесата.

Истурете ја смесата во калап за колачи и печете околу 30 минути на 180 степени.

Може да се сервира со овошје, шлаг или сладолед.

 

На здравје!

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote