in

Чоколадо за доручек не само што не е штетно, туку и помага за топење на мастите

Обично, многу ретко јадеме чоколадо за доручек и веруваме дека е штетно за нашето тело.

Може да се каже дека повеќето луѓе уживаат да јадат чоколадо и тоа го прават често. Но освен палачинки и шекерни житарици, ништо благо не јадеме за време на доручек. Строгите родители не ги оставаат децата да јадат чоколадо за доручек дека е штетно, но науката вели поинаку.

Во експериментот кој беше направен од страна на истражувачите учествуваа 19 жени и на некои од нив им беше дадено да конзумираат 100 грама млечно чоколадо еден час откако ќе се разбудат.

Резултатите покажале дека жените кои конзумирале чоколадо откако ќе се разбудат, не само што не покачиле килажа, туку и чоколадото им помогнало со топењето на мастите и намалување на шекерот во крвта за време на денот за разлика од оние кои не конзумирале чоколадо.

Затоа откако ќе се разбудите, не мислете многу дали да изедете едно парче од омилениот десерт на многумина.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote