Актерот кој глумеше во филмот Constantine, Peter Stormare изјави дека во подготовка е продолжение на хорор филмот инспириран од стриповите на DC кој искочи во 2005 година. Главната улога ја имаше Keanu Reeves и филмот ја раскажа приказната на егзорцистот Џон Константин како се бори против мрачните сили.
Оргиналниот филм забележа приходи во висина од 230 милиони долари и има солиден скор на платформата Rotten Tomatoes со 72%. Актерот кој го глумеше Луцифер во филмот, објави интересни вести на социјалните мрежи. Имено Peter сподели слика од неговиот лик и напиша „продолжението на филмот е во подготовка“. Шпекулации кружеа од поодамна за снимање на нов Constantine филм, но по сите изгледи нејверојатно тоа ќе се случи во блиска иднина.
Коментари
Loading…