in

Официјално: Копа Америка ќе се одржи во Бразил

Бразил е државата која ќе биде домаќин на Копа Америка, откако Аргентина не беше подготвена за одржување на турнирот само две недели пред неговиот почеток.

Јужноамериканската Фудбалска Федерација одлучи да не и дозволи на Аргентина да биде домаќин на турнирот поради „влошената состојба и зголемениот број на заболени од коронавирусот“, стоеше во соопштението на Федерацијата.

Неколку часа по оваа одлука, Федерацијаат излезе со ново соопштеније и овој пат им даде до знаење на љубителите на спортот дека Бразил ќе биде новиот домаќин на континенталниот турнир кој треба да започне на 13 јуни.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote