in

WTFWTF

ЧОВЕК ОД ТАЈВАН КАЗНЕТ СО ГОЛЕМА ГЛОБА ПОРАДИ НАПУШТАЊЕ НА КАРАНТИНОТ НА 8 СЕКУНДИ!

Тајванските власти го казниле човекот кој излегол од карантин за осум секунди со околу 3.000 евра.

Мажот, работник мигрант од Филипините, бил во карантин во хотел во градот Каосиунг кога за кратко излегол од својата соба во ходникот, изјави Министерството за здравство на градот за официјалната Централна новинска агенција на Тајван (ЦНА).

Вработените во хотелот го забележале работникот на надзорната камера и веднаш го известиле Министерството за здравство и тие го казниле.

Според карантинските правила на Тајван, на луѓето не им е дозволено да ја напуштаат својата соба, без оглед колку долго.

„Луѓето во карантин не смеат да мислат дека нема да бидат казнети за напуштање на хотелската соба“, објави Министерството за здравство, јави ЦНА.

Во Каосиунг има 56 хотели во карантин, со вкупно околу 3.000 соби.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote