Dan Cooper е псевдоним на неидентификуван човек кој киднапирал авион Boeing 727 за време на неговиот лет помеѓу Портланд и Сиетл на 24ти Ноември 1971. Човекот го купил билетот за авионот под име Dan Cooper, но поради недоразбирање во медиумите кој ја раскажувале неговата приказна, попознат е како D.B. Cooper.
Човекот побарал 200,000 долари за да не ја активира бомбата која ја носел со себе и успеал да ги добие. Потоа му наредил на пилотот да се упати кон Мексико и за време на летот скокнал со падобранец заедно со парите. Покрај големата операција на FBI и властите на САД за пронаоѓање на овој човек, криминалецот никогаш не бил лоциран ниту пак идентификуван.
Многу FBI агенти веруваат дека Cooper не го преживеал падот од авионот, но неговите остатоци никогаш не биле пронајдени. Истрагата околу Cooper траела неверојатни 45 години од инцидентот. Единствено нешто што се случило за време на истрагата е кога дете пронашло мала вреќа со банкноти од 20 долари на плажа. Банкнотите имале исти сериски број како тие што му биле дадени на Cooper. Но ниту ова не допринело до откривање на некој значителни информации во врска со случајот. Случајот за D.B. Cooper е најверојатно мистерија на која одговорот никогаш нема да го дознаеме.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…