in ,

WTFWTF Што?Што?

Човештвото за прв пат во историјата помести небесно тело

Леталото на НАСА што минатиот месец намерно удри во астероид успешно ја промени природната орбита на карпестото тело, објави шефот на американската вселенска агенција Бил Нелсон.

Нелсон нагласи дека човештвото придвижило небесно тело за прв пат во историјата.

Резултатите од телескопското набљудување, објавени на прес-конференцијата, покажуваат дека на 26 септември леталото ДАРТ успешно ја реализирало својата примарна цел: да го промени правецот на астероидот со кинетичка сила.

„Ова е пресвртница за планетарната одбрана и за човештвото“, им рече Нелсон на новинарите објавувајќи ги резултатите.

Мисијата DART чинеше 330 милиони долари и била подготвувана седум години. Ова беше првиот тест на планетарен одбранбен систем чија цел е да спречи потенцијално катастрофален судир на метеорит со Земјата.

Целта што ја погоди леталото беше астероид во облик на јајце наречен Диморфос, со големина колку фудбалски стадион. Тој е во орбита околу пет пати поголем астероид наречен „Дидимос“ и прави круг околу него на секои 11 часа и 55 минути.

Сегментот на вселенскиот брод што го погоди Диморфос беше со големина на машина за закуски и се движеше со брзина од 22.531 километар на час. Ова создаде доволно сила за да го придвижи астероидот во орбита поблиску до поголемиот придружник.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote