in

ОДЛИЧНИ ВЕСТИ ЗА ФУДБАЛСКИТЕ НАВИВАЧИ! Кристијан Ериксен пуштен од болница!

Soccer Football - Euro 2020 - Group B - Denmark v Finland - Parken Stadium, Copenhagen, Denmark - June 12, 2021 Denmark's Christian Eriksen during the match Pool via REUTERS/Hannah Mckay

Играчот за врска на данската репрезентација, Кристијан Ериксен, беше пуштен од болница шест дена откако доживеа срцев удар на мечот на Европското првенство, што неговиот избор го одигра против Финска, потврди Фудбалскиот сојуз на Данска.

На Ериксен му беше вграден дефибрилатор во срцето, апарат што го стимулира срцевиот ритам, а операцијата беше успешна.

Ериксен беше пуштен од „Кралската болница“ во Копенхаген во петокот, а се наведува дека ја посетил репрезентацијата во Елсингер. Оттаму, тој отиде дома, каде ќе помине време со своето семејство.

„Ви благодарам на сите за огромниот број пораки за поддршка што ги добив деновиве. Неверојатно е да се почувствува и да се види такво нешто. Се чувствувам добро со оглед на околностите. Многу ми беше драго што ги видов момците по одличниот натпревар што го одиграа против Белгија. Нема потреба да потенцирам дека ќе ги поддржувам во понеделник кога ќе играат со Русија “, изјави 29-годишниот Кристијан Ериксен по напуштањето на болницата.

Данскиот играч за врска колабираше во саботата, на 12 јуни, за време на натпреварот од првото коло во групната фаза на Европското првенство, што Данска го одигра против Финска. Фудбалерот на миланската интера изгуби свест покрај аут-линијата, а лекарскиот тим започна да го реанимира до ужасот на неговите соиграчи, семејството, сите присутни на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, но и милиони гледачи околу светот.

Пораките за поддршка почнаа да пристигнуваат веднаш, а надежта дека животот на Ериксен не е загрозен се појави кога беа објавени неговите фотографии, во кои тој беше свесен за моментите кога на носила беше отстранет од теренот.

Следниот натпревар Данска го одигра против Белгија, а играчите на двата тима на многу убав начин му пружија поддршка на поранешниот играч на Тотенхем и Ајакс.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote