Во Германија се регистрирани уште 23.679 случаи на коронавирус, што е дневен рекорд, а во последните 24 часа починале 440 лица, објави Институтот „Роберт Кох“.
Вкупниот број на случаи на Ковид-19 во Германија сега се искачи на 1.242.203, а вкупно 20.372 лица починаа од почетокот на пандемијата.
Претходниот негативен рекорд во бројот на пациенти се случил на 20 ноември, кога се разболеле 23.648 лица.
Германската канцеларка Ангела Меркел најави можни посилни ограничувачки мерки во средата, бидејќи ширењето на вирусот во таа земја не запира.
Рестриктивните мерки започнаа на 2 ноември, со што Германија успеа да го запре брзото ширење на коронавирусот, но не и да го намали, но бројот на новозаразени остана на високо ниво од претходните недели, додава АП.
Коментари
Loading…