in

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Црно семе – лек за се и еликсир за нашето здравје!

Црното семе познато и како црн сусам, црн кумин или црн ким, е едно од најлековитите продукти што ни ги овозможува природата.

Ова семе датира од стар Египет уште пред 3.300 години. Во тоа време црното семе се нарекувало „благословеното семе“. Исто така се верува дека исламскиот пророк Мухамед кажал дека црното семе е лек за сите болести, освен за смртта. Благодарение на биолошките испитувања, многу негови дејствија биле потврдени кај луѓе кои боледувале од одредени болести. Во 1964 година биле објавени 458 студии во кои детално било опишано дејството на црното семе.

Црното семе:

  • Го зајакнува имунитетот
  • Помага во намалување на стресот од секојдневните обврски
  • Делува аналгетски, антибактериски, противвоспалително и антивирусно
  • Помага при крварење
  • Помага при габични инфекции на раце, нозе и нокти
  • Ја зајакнува косата и не дозволува предвремено опаѓање, ниту пак белеење
  • Го регулира нивото на гликоза, триглицериди и сперматозоиди
  • Го намалува високиот крвен притисок
  • Ги заштитува бубрезите и црниот дроб

Овие неколку фармацевтски дејства се само дел од многубројните придобивки на црното семе. Постојат уште 600 други придобивки кои ќе ви го подобрат здравјето, а вие ќе бидете поздрави од кога било. Исто така, многу истражувачи се обиделе да го испитаат неговото дејство во одредени здраствени состојби. Добри резултати покажува и кај:

Дијабетес тип 2: 2 грама црно семе на ден го намалува шеќерот во крвта, го зајакнува инсулинот, ја зголемува функцијата на бета-клетките и го намалува хемоглобинот.

Хелокобактер Пилори: Црното семе го спречува актвирањето на оваа бактерија за која нема лек. Тие што веќе ја имале знаат дека секогаш ќе се соочуваат со неа, но со помош на црниот сусам ќе заборават дека постои во нивниот организам.

Епилепсија: Познато е дека црното семе има антиконвулзивно дејство. Една студија во 2007 година извршена врз епилептични деца, чија што терапија се базирала на лекови, покажала дека црното семе помешано во вода помага при намалување на нападите.

Висок крвен притисок: Дневната консумација на 100-200мг црно семе во рок од два месеца, ќе резултира со намален крвен притисок, кај луѓето со зголемена хипертензија.

Астма: Една од главните состојки на црното семе – тимокинон – има големо антиасматично дејство на дишните патишта. Доволно е само секојдневно да се консумира црно семе во зовриена вода.

Канцер на дебелото црево: Истражувањата покажаа дека маслото од црното семе има значителна улога во намалувањето на растот на канцерот на дебелото црево.

Освен за здрвјето, црното семе се употребува и како еликсир за убавина. Доколку сакате да имате убаво, здраво и чисто лице користете мешавина од црно семе со маслиново масло секојдневно и воочете ги резултатите. Ова била една позната тајна која Клеопатра ја применувала.

Како што можете да забележете, црното семе е навистина ефикасно што дури и лекарите го препорачуваат за секојдневна употреба, бидејќи има стотици придобивки.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

3 поени
Upvote Downvote