in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

СИТЕ ЌЕ ЈАДАТ ЦВЕКЛО ако го подготвите на овој начин: може да се послужи како намаз или салата

Некој во куќата не сака цвекло, други не сакаат леблебија? Направете го овој хумус и сите ќе ги обожаваат овие намирници …

Наместо да купувате хумус по неприфатлива цена, научете да го правите дома. Со додаток што ќе го направи уште поздрав, ќе добиете одличен намаз. Ако вашето семејство не сака цвекло, ова е одличен начин да ги вклучите неговите вредни состојки во нивната редовна исхрана.

Треба да го сварите наутот, во водата додадете малку сода бикарбона. Како и со другите мешунки, наутот треба да го потопите во вода преку ноќ, бидејќи ќе се свари побрзо и полесно ќе се потготви. Во друго тенџере, варете го цвеклото.

За количина од приближно 2 чаши варен наут, потребнo ви е 1 средно цвекло (но може да ставите и повеќе), 2 лажици таан , третина чаша маслиново масло и четвртина чаша сок од лимон. Промешајте кратко во блендер и посолете по вкус.

Таанот можете да го направите и сами со блендање семе од сусам подолго време. Со долго мешање, маслото ќе се оддели, што ја претвора смесата во намаз за премачкување.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote