in

Едноставен рецепт кое целото семејство ќе го обожава: Домашна цвет- погача

Ќе уживате во ова меко пециво чија арома ќе го исполни вашиот дом!

Доколку сакате домашно печиво, ви го предлагаме овој едноставен рецепт за погача во форма на цвет.

Може да го одделите секое парче и на тој начин да добиете убави бухти со ручек или вечера.

Состојки:

  • 1 квасец
  • 250 милилитри топло млеко
  • Лажичка шеќер
  • 360 грама брашно
  • Четири лажици маслиново масло
  • Две лажички сол
  • 50 грама путер

Подготовка:

Загрејте го млекото така што е млако и растворете ги квасецот и шеќерот во садот за мешање. Оставете ја смесата да отстои пет минути, а потоа полека додадете маслиново масло, брашно и сол и месете додека не добиете мазно тесто. Оставете да стаса на топло место околу 45 минути.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Тестото развлечете го во дебелина од два сантиметри, и исечете го на дебели ленти. Секоја лента премачкајте ја со путер, па завиткајте ја така што ќе добиете „роза“ и наредете ја во плех за печење. Печете го цветниот колач 20-30 минути, додека не добие убава златна боја.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote