in , ,

УбавоУбаво

ЦВЕТАТ КАКО ЛУДИ! НЕВЕРОЈАТНА КОМБИНАЦИЈА СО ВОДА – ЕВЕ СО ШТО ТРЕБА ДА ГИ НАЛЕВАТЕ ЦВЕЌИЊАТА (ВИДЕО)

Вашите растенија никогаш нема да венеат со овој органски додаток! Достапен е за секого, а многу лесно се прави.

Бидејќи бананите се здрави за нашето тело, нивната кора е многу корисна за растенијата. Имено, кората на бананата има калиум, калциум и фосфор, кои се многу важни за развојот и растот на вашите растенија.

Фосфорот ги прави цветовите на растението поубави, калиумот помага да се развива што е можно подобро, а калциумот го прави појако. А, корите од банана можете да ги користите за да направите органски прилог на три начини.

1. ИСЕЦКАЈТЕ КОРА од БАНАНА

Кората исечкајте ја на мали парчиња и закопајте ги во земја до растението. Како што кората полека се распаѓа, почвата ќе се збогатува со минерали кои се неопходни за раст на растенијата.

2. ВОДА ЗА ПОЛЕВАЊЕ

Парчињата кора ставете ги во шише со вода и затворете го. Една голема банана или две помали се доволни за еден литар вода. Вака подготвениот додаток оставете го два до три дена на собна температура и одвреме-навреме протресете го шишето. Потоа процедете ја водата од кашата и полевајте ги растенијата.

Водата која доби кафе-црна боја е полна со минерали и со неа наводнувајте ги растенијата еднаш неделно. Исто така, ќе биде уште похранливо, ако ставите лушпа од јајце, бидејќи има магнезиум, натриум и околу 5% органска материја, што е од големо значење за квалитетот на почвата.

3. ШЕЈК ОД БАНАНА

Оставете ги корите од банана да се исушат и поцрнат. Потоа измелете ги во блендер со малку вода за да добиете смеса која наликува на шејк. Истурете го шејкот во почвата, без разлика дали се работи за домашни или полски растенија.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote