Легендарното дуо Daft Punk претпознатливо по нивните уникатни изгледи и настапи со кациги, се раздели по скоро 3 децении постоење. Публицистот на тандемот, Kathrun Frazier ја потврди оваа вест за Pitchfork, откако беше објавено видео на YouTube каналот на Daft Punk.
Францускиот пар, Guy-Manuel de Homem-Christo и Thomas Bangalter го создадоа бендот во далечната 1993 година и за време на нивната кариера снимија многу популарни нумери како што се: Around the World, One More Time и Harder, Better, Faster, Stronger.
Коментари
Loading…