Германскиот производител на автомобили Дајмлер најави дека на своите германски вработени ќе им исплати по 1.000 евра „корона бонус“, со цел да го надомести нивниот личен и економски товар затоа што мораат да носат заштитни маски и да работат од дома.

“Поради коронавирусот, оваа 2020 година беше година на посебни предизвици. За време на овие исклучителни денови, компанијата отсекогаш можеше да смета на флексибилноста и подготвеноста на својата работна сила”, изјави шефот на Daimler за човечки ресурси Вилифред Порт.
Околу 160.000 вработени во Германија ќе добијат бонус од компанијата од Штутгарт, производителот на марката Mercedes-Benz.