in

Дали е потребна ТРЕТА доза вакцина?

Фајзер соопшти дека планира да побара од регулаторите на САД да дозволат засилувачка доза вакцина, поради докази за зголемен ризик од зараза шест месеци после примање на втората доза од вакцината и по информациите за ширење на Делта мутацијата.

После состанокот со претставниците на производителот на вакцините Фајзер, американските здравствени власти соопштија дека на Американците кои се целосно вакцинирани не им треба трета доза вакцина.

Потпарол на американското Министерство за здравство изјави дека властите и Фајзер ја следат ситуацијата и ќе продолжат да разговараат дали и кога ќе биде потребна засилувачка доза. За потребата од ваква доза се дискутираше откако стана јасно дека во многу земји доминантна варијанта на корона вирусот е  Делта мутацијата и се појавија сомнежи дали постојните вакцини обезбедуваат доволна заштита од неа.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote