ФИФА се обидува да направи промена која на многумина нема да им се допадне!
Имено ФИФА сака да ја промени традицијата, и наместо на секои 4 години како што беше од 1930, па се до сега, Светските првенства да се играат на секои 2 години. Во гласањето најголемиот број на членови гласаа за и беше одобрена студијата која треба да собере податоци со кои ќе се проценува дали треба Мундијалите да се играат на две години.
Ваквиот предлог е предлпжен од Саудиска Арабија, но сите земји кои се дел од ФИФА со леснотија го прифатија, а најголема причина за тоа е поголемата заработувачка. Потенцијалната промена нема да се случи пред 2026, пренесуваат медиумите.