in

Дали децата се поподложни на инфекцијата од новиот вид на коронавирус?

Новиот вид на коронавирус, кој брзо се шири во Велика Британија, носи мутации врз основа на кои децата би можеле да бидат подложни на инфекција во споредба со претходните видови, тврдат британски експерти.

Во исто време, тие предупредуваат дека нема докази дека новата форма на вирус е посмртоносна. Научниците, кои неуморно работат на откривање на причината за мутацијата, тврдат дека новата варијанта е ризична и за децата, кои досега се сметаа за помалку подложни на инфекции.

Членовите на советничката група на британската влада за нови респираторни закани на вируси (NERVTAG) потсетуваат дека новата варијанта на вирусот стана доминантен вид на југот на Англија, но дека наскоро може да се прошири низ целата земја.

„Засега знаеме дека оваа варијанта на вирусот се пренесува побрзо од другите со кои се соочивме“, рече професорот од Оксфорд и претседател на NERVTAG, Питер Хорби.

Епидемиологот Нил Фергусон, професор на Кралскиот колеџ во Лондон и член на NERVTAG, тврди дека постои навестување дека децата се подложни на инфекција со нова мутирана форма на коронавирус.

“Не утврдивме што е причината, но тоа го гледаме во податоците. Треба да собереме повеќе податоци за да знаеме како ќе се однесува вирусот во иднина”, истакна Фергусон.

Појавата на мутираната варијанта на ковида-19, за која научниците велат дека се пренесува до 70% побрзо од претходните видови во Велика Британија, ги натера многу земји да ги затворат границите со Велика Британија, додека одредени области во Велика Британија се во целосна блокада пред Божиќ.

Како новиот вид на вирус влијае на децата?

Фергусон наведува дека бројот на заразени со новиот вид на коронавирус е многу поголем кај деца под 15-годишна возраст, во споредба со бројот на лица заразени со други видови на вирус од истата возрасна група, но тој не обезбеди точни податоци. Како што истакна, постои можност новиот вид на вирусот да се појавил во текот на ноември, за време на првото училишно полугодие, што може да биде причина зошто новата варијанта повеќе ги напаѓа децата.

Професорот Венди Баркли од Кралскиот колеџ во Лондон и член на NERVTAG тврди дека мутациите го олеснувале продирањето на вирусот во човечките клетки, така што децата се повеќе склони кон инфекции, а досега возрасните биле полесни цели.

„Децата се подложни на овој вирус како и возрасните, така што можеме да очекуваме повеќе заразени деца, со оглед на нивниот модел на мешање“, рече Беркли.

Иако новиот вирус е заразен од 50 до 70 проценти, охрабрувачки е што не е поубиствен, ниту предизвикува потешки форми на болеста кај деца и возрасни.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote