in , ,

WTFWTF

ДАЛИ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА МОЖЕ ДА ГИ ЗАМЕНИ ЛУЃЕТО? Футуролог открива како тоа ќе го промени општеството

Во иднина вештачката интелигенција ќе биде само бледа копија на човекот, оптимистички вели германски футуролог.

Футурологот Хорст Опашовски оваа недела ја претставува својата нова книга – „Живејќи подобро, немајќи повеќе“, во која се занимава со иднината на вештачката интелигенција.

Тој наведува дека вештачката интелигенција никогаш нема да ги замени луѓето, иако постои одреден фактор на ризик.

– Вештачката интелигенција никогаш нема да ја замени човечката интелигенција, во најдобар случај ќе биде само бледа копија на човекот. Многу е веројатно дека таа ќе промени многу работи во општеството на добро или на лошо. Затоа мора да најдеме одговори на прашањата дали овие промени се морално добри, дали се општествено праведни и дали го прават животот подобар и повреден за живеење – рече Опашовски.

 

Опашовски е осумдесет и двегодишен германски научник кој има свој институт во Хамбург. Тој важи за оптимист кога е во прашање иднината.
Футуролог кој не верува во промени на подобро може веднаш да престане да работи – рече Опашовски, пренесува ДПА.

Како ви се допаѓа?

-2 поени
Upvote Downvote