in

УбавоУбаво Што?Што?

Дали смеете да прескокнувате брзини додека возите? Дилема на возачите

Една од основните вештини на секој возач е правилното менување брзини.

 

Ова е една од постапките што претставуваат голем, понекогаш и најтежок проблем за учениците во автошколите. Покрај тоа што треба да го следат сообраќајот и да ја прилагодат брзината, новите возачи исто така мора правилно да го погодат оптималното менување на брзини. Тоа е вештина што се совладува со вежбање и слушање на моторот, и со тек на време станува целосно автоматизирана и не бара многу напор од возачот.

 

Автошколата ќе ве научи како правилно да го користите менувачот за оптимално менување на брзините, како и кога е најдобро да ги менувате брзините.

Но, едно е теорија, а друго е во пракса.

 

Една од највообичаените навики е прескокнување на две или повеќе брзини. Во видеото подолу, Џејсон Фенске објаснува што се случува при промена на брзините и зошто не е добро да се прескокне редоследот на брзините, на пример префрлање од втора во петта брзина и обратно.

Конечно, тука е прашањето за стартување во втора брзина.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote