20,000 жители кој живеат во областа Северен Јутланд че бидат тестирани овој викенд поради изложеност на мутиран КОВИД-19. Во регионот на Јутланд живеат близу 280 илјади жители и сите тие ќе бидат тестирани наредните две недели. Додека милиони куни се убиваат поради мутација на вирусот, Данска веќе започна да ги тестира изложените на новосоздадениот вирус ова утро.

Сето ова се случува откако институтот Statens Serum откри мутација на коронавирусот која беше именувана „кластер 5“ беше раширена од куни во луѓе. „Многу е битно да бидеме трпеливи, бидејќи едноставно не можеме да ги тестираме сите 280 илјади луѓе одеднаш.“ изјави Јан Хибо, раководител на тестирањето.
Коментари
Loading…