Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ќе ги продолжат договорите на неколку години со Лос Анџелес Лејкерс. Џејмс ќе потпише нов двогодишен договор и ќе заработи 85 милиони долари, а неговиот договор ќе трае до сезоната 2022-23 и ќе биде негова 20та јубилејна во НБА лигата.
Дејвис, 27, ќе потпише нов петгодишен договор и ќе му донесе неверојатни 190 милиони долари. Неговиот агент потврди за ЕСПН дека тој ќе може да го напушти клубот пред да започне неговата 5та година од договорот. Џејмс ќе биде слободен агент во истата година кога неговиот син ќе го заврши средното школо и ќе може да се пријави на драфтот.