in

Де Брујн заработил скршеница на носот во финалето на ЛШ!

Играчот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн, заработил скршеница на носот и на очната празнина во финалето на Лигата на Шампиони.

29 годишниот де Брујне беше заменет во 60 минута од Габриел Жесус, откако се судри со дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер. „Сега се чувствувам добро. Сеуште сум разочаран од поразот во финалето, но ќе се вратиме уште посилни“ напиша де Брујн на социјалните мрежи.

Де Брујн беше повикан на Европското првенство од белгиската репрезентација и првиот натпревар Белгија ќе го одигра со Русија на 12 јуни. Сеуште не се знае дали ѕвездата на Сити ќе го пропушти овој натпревар и дали неговите повреди ќе заздрават до тогаш.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote