in

Де Лихт: Загубивме поради мене!

Холандија доживеа шокантен пораз во нокаут фазата од Еуро 2020 од Чешка, но Де Лихт тврди дека вината е негова.

При резултат од 0-0, дефанзивецот на Холандија, Матијс Де Лихт заработи директен црвен картон, откако со рака спаси сигурен гол на Патрик Шик. Тринаесет минути по исклучувањето Чешка постигна гол и Холандија не успеа да израмни.

„Се имав под контрола, но тогаш топката отскокна и мораше да ги користам моите раце за да спречам чист гол. Тој момент го промени целиот тек на натпреварот. Видов како се борат момците и сум горд на нив, но загубивме поради мене“ изјави Де Лихт.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote