in

ДеАндре Ејтон им донесе победа на Феникс Санс!

Со „цепелин“ во последната секунда од натпреварот, ДеАндре Ејтон им ја донесе втората победа на Фенкс Санс во полуфиналето на НБА лигата.

Ејтон успеа да ја „закуца“ топката во кошот по асистенцијата на Џеј Краудер од аут. Центарот на Феникс го заврши натпревар со 24 поени и 14 скокови.

Бекот на Санс беше најефикасен во неговиот тим со 29 поени, додека Пол Џорџ од Клиперс уфрли 26.

Џорџ не успеа да ги погоди клучните слободни фрлања во натпреварот на само 8 секунди пред крајот со кои можеше да го зголеми водството на 3 поени разлика.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote