Снимката од атентатот врз американскиот претседател Џон Кенеди во Далас на 22 ноември 1963 година е широко позната низ целиот свет.
Сепак, се веруваше дека видеото за тоа што се случи само неколку минути пред трагедијата беше изгубено. Атентатот врз Џон Кенеди, 35-от претседател на САД, се случи во петокот, 22 ноември 1963 година, во Далас во 12:31 часот по средно стандардно време. Кенеди беше смртно ранет од истрел додека се возеше со сопругата во отворен автомобил во претседателската колона.
Снимката за самиот атентат и моментот кога Харви Ли Освалд пукаше, беше направена сосема случајно од кројачот Абрахам Запрудер. Тие 486 слики за 26 секунди од филмот станаа славни и ги видоа милиони луѓе. Како и да е, само една минута порано беше направено УШТЕ ВИДЕО! Снимено е од Андре Лех, канцелариски службеник, кој по тој повод ја тестираше својата нова камера.
Лех почина во 1987 година, а неговиот син Пол, уредувајќи ја документацијата на неговиот татко, во 2013 година најде кутија со едноставен натпис – Кенеди. Тогаш светот првпат виде видео од американскиот претседател само неколку минути пред кобниот атентат. – Моето семејство живееше во Далас во ноември 1963 година. На 22 ноември, татко ми одлучи да ја искористи својата нова камера за да го снима Кенеди.
Ова видео е снимено на неколку блока подалеку од местото на злосторството, додека претседателот шеташе по главната улица. Тој ќе биде убиен подоцна, рече Пол откако видеото стана достапно за јавноста. Снимката е направена во 12:30 часот или една минута пред атентатот! Погледнете што има на него:
Коментари
Loading…