in

СмешноСмешно

Дегустаторите на вино бараат приоритетна вакцинација: „Енолог без чувство за вкус е како музичар без инструмент!“

Француските дегустатори на вино сакаат да бидат дел од приоритетните групи за вакцинација против коронавирус затоа што стравуваат дека ќе го изгубат чувството за мирис доколку се заразат.

Анкета на Алијансата на енолози откри дека повеќе од една третина од дегустаторите кои биле заразени тврдат дека инфекцијата влијае на нивната способност да си ја завршат работата.

Алијансата исто така забележува дека сите во винската индустрија се загрижени. Поединци кои обучувале како енолози морале да го запрат процесот откако се заразиле со вирусот корона поради важноста на чувството за вкус и мирис за работата.

Претседателот на Алијансата Дидие Фагес рече дека тие испратиле писмо и до претседателот Макрон и до премиерот Кастекс со барање дегустаторите на вино да бидат меѓу приоритетните групи за имунизација.

Во образложението на барањето, тие наведоа дека сетилата за вкус и мирис се клучни за нивната работа. Како што го објаснија сликовито, кога енологот го губи чувството, исто е како кога музичар нема инструмент.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote