Актерот Мет Дејмон се надева дека неговиот пријател Бен Афлек ја обновил романсата со Џенифер Лопез, пренесува Fox News.
Актерот се појави во една емисија и реагираше на веста дека некогаш верената двојка повторно се дружи, пишува Fox News.
„Нема доволно пијалоци на светот за да ме натераат да кажам нешто за тоа“, се пошегува тој кога го прашаа за тоа.
Дејмон рече дека станува збор за „фасцинантна приказна“ и призна дека би сакале таа да биде вистинита.
„И двајцата ги сакам. Се надевам дека е вистина. Тоа би било одлично “, рече тој.
На сликите објавени од Дејли Меил, Афлек и Лопез се фатени како поминуваат еден викенд заедно во Монтана.
Парот бил виден како се симнува од приватен авион, а потоа бил во џип.
Еден извор изјави за Us Weekly дека двајцата „поминале неколку дена во Монтана“ и додаде дека „изгледале многу среќни заедно“ на патувањето.
Тие беа фатени и во Лос Анџелес.
Пејачката и актерка и актерот и режисерот беа верени од 2002 до 2004 година. Лопез ја раскина свршувачката со Алекс Родригез во април по четири години. Афлек раскина со актерката Ана де Армас во јануари.
View this post on Instagram
Лопез и нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони имаат тринаесетгодишни близнаци, додека Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер имаат три деца.
Коментари
Loading…