in

ТИЕ ПОДАРУВААТ 500 ПИЦИ НА СИРОМАШНИТЕ!

Две невладини организации од Неапол, во соработка со сопствениците на локални пицерии, организираа бесплатна дистрибуција на пица, околу 500 на ден, на семејства кои се најдоа во особено тешка ситуација поради пандемијата.

Џанфранко Вурсберг, претседател на Аздок, една од организациите што ја покрена иницијативата, вели дека „со солидарност се обидуваат да внесат малку топлина во домовите на оние кои поради пандемија често немаат доволно да јадат“.

“Дури и во првиот бран на пандемијата, организиравме нешто слично, со леб, и таа акција продолжува. Секој ден дистрибуираме бесплатен леб на 300 семејства, благодарение на донациите од поединци и сопственици на разни компании вклучени во акцијата. За нас наполитанците пица Маргерита е симбол на среќата “, вели Вурсберг.

Претседателот на друга невладина организација „Втор Неапол“, Антонио Луциди, вели дека се мотивирани од фактот што на многу наполитански семејства им недостасуваат основни прехранбени производи, затоа што останале без работа и ги изгубиле приходите поради пандемијата на вирусот корона.

Во Неапол се негува повеќедецениската традиција на солидарност со оние „кои немаат“, наречена „кафе соспезо“ и се состои во тоа клиентот да плати за своето кафе во кафеаната, но и да му остави пари за уште едно кафе на оној што нема пари да плати за тоа.

Во Италија, според статистичкиот институт, повеќе од шест проценти од семејствата живеат во апсолутна сиромаштија, а 16 милиони Италијанци се на работ на сиромаштијата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote