in

Најмалку 80 мртви делфини покрај брегот на Гана! [ВИДЕО]

Најмалку 80 делфини и голем број риби се пронајдени на неколку плажи во близина на главниот град на Гана, Акра, од петокот, а властите започнаа истрага.

Официјалните лица ги предупредија граѓаните да не ги јадат пронајдените делфини и риби, бидејќи сè уште не е позната причината за нивната смрт.

Министерството за риболов објави дека се земени примероци од риба и вода за анализа.

Комитетот за риболов соопшти дека биле пронајдени меѓу 80 и 100 мртви делфини.

Во февруари беа пронајдени 111 мртви делфини на брегот на Мозамбик, а прелиминарната истрага покажа дека е можно останатите да бидат заробени поради ниската плима по циклонот „Гуамба“.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote