in , ,

ТаженТажен

Новата Делта плус варијанта на коронавирусот го тресе светот, еве зошто е поинаква

Во Велика Британија и во светот почна да се шири новата варијанта на делта сојот на коронавирус, наречена делта плус (AY.4.2).

Засега, делта + варијантата не е официјално идентификувана како загрижувачка, но Британската агенција за здравствена безбедност (УКХСА) минатата недела ја означи како варијанта која се истаржува.

Досегашното следење покажа дека делта плус варијантата побрзо се шири и дека е позаразна и тоа во моментот кога се уште доминира делта варијантата насекадни низ светот. Делта плус веќе е откриена во 30-тина земји, најмногу во Велика Британија, но и во источноевропските земји. Во Британија првпат е забележана во мај и досега се регистрирани над 15.000 случаи и тоа најмногу кај децата, затоа што тие се и најмалку вакцинирани. Во САД досега засега се забележани дури десетина случаи, додека во Индија има удел од околу 0,1 процент, додека во Британија тој удел е околу 6 проценти во однос на другите варијанти, а порастот е проценет на околу 17 проценти.

 

Зошто САРС-КоВ-2 мутира толку брзо?

Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, мутациите произведоа илјадници различни варијанти на САРС-КоВ-2. Ова не е изненадувачки бидејќи вирусите, особено оние кои имаат РНК наместо ДНК како генетски код, брзо мутираат. Иако САРС-КоВ-2 мутира нешто побавно од вирусот на грип, сепак се случува доволно брзо што може да се појават илјадници нови варијанти меѓу милијарди заразени луѓе.

Мутациите се основата на еволуцијата. Тие создаваат варијации на организми од кои природната селекција потоа ќе ги избере оние кои се подобро прилагодени на условите на животот – подобро прилагодените ќе преживеат во поголем број од помалку приспособените.

Стапката на мутации делумно зависи од големината на геномот – колку е поголем геномот на организмот, толку мутациите се побавни. Тоа зависи и од строгоста на механизмите за корекција на грешки при копирање. Понекогаш точноста на копирањето е поважна, а понекогаш помалку важна. Повеќето мутации се неповолни за организмот, некои се неутрални бидејќи не менуваат ништо важно, а некои се поволни бидејќи му овозможуваат на организмот подобро да се прилагоди на околината.

Во некои, екстремни случаи, кога организмот е многу добро прилагоден на стабилна, главно непроменлива средина, најдобро би било да престане да мутира бидејќи новите мутации повеќе не можат да бидат поволни, туку само неповолни.

Од друга страна, доколку организмот се најде во сосема нова средина на која не е прилагоден, се менува односот на поволни и неповолни мутации – поголема пропорција на мутации има шанса да биде поволна.

Организмите немаат способност да го намалат процентот на несакани мутации, но тие имаат одредена контрола врз стапката на мутација. Пониските нивоа на мутации ја намалуваат веројатноста за појава на несакани мутации, но ја намалуваат и можноста за корисни. Тие исто така го намалуваат бројот на неутрални мутации кои во одреден момент не се ниту корисни ниту штетни, но тоа може да се случи со текот на времето кога ќе се акумулира доволен број такви неутрални мутации.

Дури и клетките во истиот повеќеклеточен организам не мутираат со иста брзина. На пример, клетките на кожата или епителот кај луѓето имаат повисоки нивоа на мутации од клетките на јајниците или на дебелото црево. Бидејќи клетките на кожата постојано се отфрлаат, повисоките нивоа на мутации во нив генерално не се голем проблем, но сепак можат да бидат основа за развој на рак на кожата. Мутациите во матичните клетки од кои се развиваат други клетки, на пример во дебелото црево или јајниците, се значително поопасни, па нивното ниво е биолошки регулирано да биде пониско.

Мутациите се акумулираат во телото во текот на животот, па со текот на годините се зголемува веројатноста некои од нив да станат тумори.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote